Стјуардесите ги откриваат тајните: Што се случува во авионите, а патниците за тоа не се свесни?

Сподели со своите пријатели

Работата на стјуардеса е многу динамична – тие се постојано „во движење“ и работат со луѓе. Затоа тие доживуваат многу интересни работи за време на летовите.

Loading...

Порталот BuzzFeed реши да ги праша стјуардесите кои необични работи им се случиле на работа, но и каков совет имаат за патниците.

Еве ги нивните одговори:

1. „Секогаш бришете го послужавникот. Никогаш не ги чистиме или дезинфицираме помеѓу летовите. Исто така, се поминува со правосмукалката многу брзо, па не дозволувајте децата да ползат на подот од авионот”.

 

 

2. „Постои дефект на скоро секој авион, што ќе се поправи на следниот сервис. Вие веројатно сте летале со авион што не е целосно исправен, дури и без да знаете за тоа.”

Loading...

3. „Екипажот на авионот комуницира едни со други за време на летот. Ако сте груби кон некој од нас, сите дознаваме. Знаеме каде седите и кои сте, и сигурно ќе оставиме белешка до твоето име за идните летови.”

4. „Возрасните секогаш имаат најлоши коментари кога ќе им кажеме дека сигурносниот појас е задолжителен. Тие се многу полоши од децата”.

5. „Две години сум стјуардеса и имам видено како луѓе уринираат пред тоалетот три пати во текот на летот. Затоа гледам одвратно кога некој шета бос низ авионот, или само во чорапи“.

 

 

6. „Луѓето мислат дека авиокомпанијата ќе им наплати штета ако случајно скршат послужавник или ја скршат рачката на седиштето. Нема. Само кажете ни што е скршено за да забележиме дека следниот лет не треба да се одложува поради тоа“.

7. „Многу патници навистина не сакаат храна во авион, но секако е подобро од она што го добиваат стјуардесите, и тоа не е ништо. На меѓународните летови, пилотите добиваат храна, но стјуардесите треба да си понесат своја, или ќе бидат гладни , понекогаш 14 часа”.

Loading...