Стивнува пандемијата во кумановско: Активни нешто над 100 случаи

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатата недела (24.05 – 30.05) регистрирани се значително поголем број оздравени од новозаболени од коронавиросот во Куманово (заедно со Липково), при што бројот на активни случаи изнесува 114.

Loading...

Вкупно 19 нови случаи позитивни на коронавирус се регистрирани во Куманово (заедно со Липково) во текот на изминатата недела.

 

 

Во изминатата недела битката со вирусот ја загубиле три лица.

Најмногу нови случаи за еден ден се регистрирани во петок, вкупно 5 лица.

Досега оздравени во Куманово се вкупно 8.252 од лицата кои биле позитивни на вирусот, од кои 175 во текот на изминатата недела.

Loading...

Вкупно 343 пациенти од Куманово починале од почетокот на епидемијата како резултат на компликации со вирусот.

Од почетокот на пандемијата во Куманово се регистрирани вкупно 8.823 случаи позитивни на коронавирусот со што е на второто место во државата според бројот на заразени, веднаш по Скопје.

 

 

Куманово има 6.16% заразено население, додека тој процент во Квадарци кој е рекордер е дури 12 отсто.

На ниво на државата од почетокот на епидемијата се регистрирани 155.269 случаи, од кои во моментот се активни 1.197. Излекувани се 148.664, а починати 5.408 пациенти. Стапката на излекувани изнесува 95,75%, а на смртните случаи 3,48%.

Никола Ивановски

Loading...

Извор: Министерство за здравство и gdi-sk

Leave a Reply