Стабилизација на времето од недела

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Loading...

Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 35 степени.

УВ индексот и натаму ќе биде многу висок со коефициент 8.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно, но посвежо време. ќе дува слаб ветер од северен, односно северозападен правец.

Loading...

Температурата низ кумановско денеска ќе се движи од 14 степени во утринските часови до максимални 29 во текот на денот.

 

 

Како што додаваат од УХМР, во петок попладне претежно во јужните делови ќе има локален пороен дожд и грмежи.

Променливо облачно и нестабилно ќе биде во сабота, кога на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со појава на град.

Од недела следува период на стабилно и топло време, стои во соопштението на Управата за хидрометеоролошки работи.

 

Loading...

Никола Ивановски