Српската претстава „Женидба“ вечерва на „Денови на комедија“

Сподели со своите пријатели

Српската претстава „Женидба“ вечерва е на репертоарот на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ кој по 24ти пат се одржува во Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

Loading...

Станува збор за претстава на Народно позориште Приштина, но претставата е на српски јазик.

Комедијата е според текстот на Н. В. Гогољ, а во неа играат: Милена Јакшиќ, Аника Грујиќ, Милан Васиќ, Игор Дајановиќ, Милорад Капор, Небојша Ѓорѓевиќ, Бојан Стојчетовиќ, Бранко Бабовиќ и Тамара Томановиќ.

Претставата започнува во 20 часот.

Никола Ивановски