Среќата на куче кое сфаќа дека е вдомено ќе ви го разубави денот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Антистресна терапија! Среќата на кучето кое сфаќа дека е усвоено ќе ви го разубави денот!

Loading...

Радоста и доброто расположение можат да бидат заразни, особено ако се емитуваат во големи количини, а тоа секако е случај со ова куче од засолништето во моментот кога сфаќа дека ќе биде посвоен.

Животот на напуштените кучиња е многу суров, особено ако се оставени на улица, или како што често се случува, кон неодговорни сопственици.

Засолништата и шелтерите за кучиња имаат за цел да спасат животни од суров живот, глад и мачеништво, но факт е дека ова не е животот што некој би го посакал.

За тоа сведочи видеото кое покажува како реагирало кучето Бени од азилот во Калифорнија во моментот кога сфатило дека ќе биде посвоено, односно затоа што за прв пат после којзнае колку време го напушта својот бокс. Бени е во азил од ноември 2015 година.

Со оглед на тоа дека станува збор за питбул, вид што неоправдано се смета за опасен, ретки се оние кои верувале дека Бени некогаш ќе биде посвоен. Сепак, се покажало дека сè уште има добри луѓе, и ова добронамерно куче добило семејство.

Бени најпрво бил исплашен и збунет затоа што видел дека нешто се случува пред неговиот кафез. Кога мажот влегол во боксот, кучето прво се повлекло и било целосно збунето. Бидејќи ѝ бил ставен поводникот, сè уште се сомневало, дури и не знаело што го чека.

Меѓутоа, кога конечно излегол од кафезот и се упатил кон излезот, сфатил дека повторно ќе биде на слобода, дека е придружуван од луѓе кои ќе му обезбедат нов дом…

Loading...

Ова може јасно да се заклучи од изразот на среќа што го има ова животно, и бидејќи сè е снимено со камера, и вие сте во можност да почувствувате дел од таа радост.

 

Leave a Reply