Средба на Димитриевски и Бајрам за подобрување на условите за живот на ромското население во Куманово

Сподели со своите пријатели

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, вчера остварил средба со министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите, Музафер Бајрам.

Loading...

На средбата, објави на социјалните мрежи Димитриевски, со министерот разговарале за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Куманово.

– Разговаравме за проектите, кои се однесуваат на населението во ромската населба Средорек и други населби, во кои што живее население од ромска етничка заедница, за подобрување на животните услови, решавање на комунални проблеми и имплементација на проекти со средства од општината и Владата, наведува Димитриевски.

На почетокот од месецов почна реконструкцијата на фекалната канализација во кумановската населба Средорек, која опфаќа 241 метар, за што се одвоени се 2,1 милион денари. Населбата е една од најстарите во градот и со нејзина реконструкцијата се очекува значително да се подобрат условите за живот на граѓаните.

МИА

Leave a Reply