Србин баран од Интерпол приведен на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Триесет и четиригодишен српски државјанин баран со потерница од Интерпол Белгија вчера бил приведен на Граничниот премин Табановце.

Loading...

– На 17.07.2023 во 14.30 часот на Граничниот премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода К.Ф.(34) од Република Србија, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека за него имало распишана меѓународна потерница по барање на Интерпол Белгија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Никола Ивановски