Спомен Костурница повторно мета на вандали (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Еден од најкарактеристичните спомен обележја во градот повторна станал мета на вандали кои со спреј ицртале графити по плочникот и самиот споменик каде се положуваше денеска свежо цвеќе по повод Денот на независноста.

 

Loading...

dsc_0003

 

Сите кои таму се појавија беа разочарани од глетката која ги затекна, а во својот свечен говор претседателот на Советот на Општина Куманово, Максим Димитриевски остро упати критики и до централната, но и до локалната власт дека не водат доволна грижа за културното наследство.

Токму оваа денеска што го гледам на оваа свето место, на Спомен Костурница во Куманово каде што е главното спомен обележје од Втората светска војна и сите паднати жртви за оваа наша независна држава и нејзиното континуирано сквернавење само укажува дека многу малку сме направиле на патот на едукацијата на нашите генерации кои што живеат во независна Република Македонија. Државата за жал морам од овде да порачам дека не води доволна грижа кон она што значи историја на Република Македонија – рече Димитриевски.

 

Тој потенцираше дека државата е побитна од било која политичка партија и од било која политичка припадност.

Апелирам до власта и на локално и на централно ниво во иднина да се обрати поголемо внимание и грижа за сите овие културно-историски споменици на нашата држава и нашиот народ, бидејќи ова е срам не само за нас туку првенствено за оние кои што добиле мандат да ја водат државата – продолжува Димитриевски во својот говор.

dsc_0001

 

Инаку ова не е прв пат најимпозантното спомен обележје на Куманово да биде вандализирано од несовесни граѓани. Со години наназад се поднесувани и кривични пријави против непознат сторител, но никој до сега не одговарал за сквернавењето.