Список на зборови кои кралското семејство не смее да ги употребува

Сподели со своите пријатели

Познато е дека членовите на кралското семејство не живеат како обичните смртници. Освен што живеат во незамислив луксуз, мораат поинакуи да се изразуваат.

Социјалниот антрополог Кејт Фокс за „Мирор“ го објаснува вокабуларот на британското кралско семејство и открива кои зборови не им е дозволено да ги користат.

Пардон

Пардон би требало да биде најпристојниот начин некому да му ставите до знаење дека не сте го слушнале, но се испоставува дека не е така. Наместо тоа треба да се каже „Извинете?“ или дури „Извинете, што?“. Или можете едноставно да се преправате дека не сте слушнале, да климнете со главата и да се насмевнете.

 

Loading...

 

Тоалет

Иако зборот тоалет е попристојна верзија од WС, овој збор кралското семејство го избегнува затоа што наводно има француско потекло.

Парфем

Ако сакате да пофалите некого дека убаво мириса, наместо зборот парфем треба да се каже: „Ми се допаѓа Вашиот мирис“.

 

 

Салон

Бакингемската палата има многу соби, но ниту една од нив не е салон или дневна соба. наместо тоа, се користи соба за прием или соба за седење.

Отмен

Првото правило на отемноста е никогаш самите да не се нарекувате така. Наместо тоа, сугерира Кејт, се користи зборот паметен.

Leave a Reply