Спиењето со вклучен телевизор носи штетни последици

Сподели со своите пријатели

По долг и напорен ден, луѓето сакаат удобно да седат пред телевизорот и на тој начин постепено да заспиваат. Има и многу кои не можат да заспијат без вклучен телевизор.

Loading...

Научниците укажаа на штетноста на ваквите навики.

Човечкиот мозок ги следи непознатите звуци и гласови додека спиеме за да остане внимателен на потенцијалните закани, според една нова студија.

Истражувачите во Австрија ги проучувале спиењето и ја мереле нивната мозочна активност како одговор на познати и непознати гласови, пишува Н1.

Слушањето непознати гласови во сон предизвикало човечкиот мозок да се вклучи во слушањето на тие гласови за време на делот од спиењето без брзи движења на очите (NREM), првата фаза од спиењето.

 

 

Loading...

Меѓутоа, истражувачите не го забележале истиот ефект за време на РЕМ, најдлабоката фаза на спиење, веројатно поради промените во микроструктурата во мозокот, велат тие.

Иако нашите очи се затворени, мозокот продолжува да ја следи околината додека спиеме, балансирајќи ја потребата за заштита на спиењето со потребата да се разбудиме.

Еден начин да се постигне ова е селективно да се одговори на непознати гласови наместо на познати, велат експертите.

Тоа може да се објасни со долгиот процес на човековата еволуција и потребата за брзо будење на потенцијалната опасност, која се карактеризира со помалку познати звучни знаци.

 

 

Генерално, студијата сугерира дека непознатите гласови, како оние што доаѓаат од телевизорот, го спречуваат мирниот ноќен сон бидејќи мозокот е повнимателен, што резултира со чувство на замор кога ќе се разбудите.

Loading...

Студијата беше предводена од истражувачи од Универзитетот во Салцбург, а беше објавена во списанието JNeurosci.

„Нашите наоди ги истакнуваат несогласувањата во одговорите на мозокот на аудитивни дразби врз основа на нивната важност за оној што спие“, вели тимот во својот труд и додава дека „резултатите укажуваат дека непознавањето на гласот е силен промотор на мозочните реакции за време на NREM фазата на спиење“, пренесува Index.hr.