Спасовски: Пензиите ќе растат заедно со платите, најниските пензии ќе се зголемат за најмалку 21%

Сподели со своите пријатели

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, на средбата со пензионери во населбата Автокоманда, во скопската општиа Гази Баба, зборуваше за Програмата на СДСМ со којашто се предвидуваат нови покачувања на пензиите.

Loading...

„Во нашата Програма за следните 4 години се обрзуваме дека по завршувањето на кризата ќе обезбедиме раст на минималната плата до 40 проценти, односно минимална плата од 20.000 денари и раст на просечната плата до 30 проценти односно просечна плата до 34.000 денари, до крајот на мандатот. Бидејки висината на пензиите е директно поврзана со растот на платите, а нашата цел е раст на платите во следните 4 години, тоа значи и можости за раст на пензиите. Пензиите ќе растат заедно со платите, а најниските пензии ќе пораснат за најмалку 21 процент! Ќе воведеме и минимана пензија, за ниеден пензионер да не зема помала пензија од 10.700 денари“, рече Спасовски.

Тој награси дека градиме стабилни институции што одговараат на потребите на граѓаните.

„Во услови на здравствено-економска криза, редовно, дури и порано од предвидените рокови се исплаќаат пензиите. Нашиот концепт е сигурност: сигурност на пензиите, сигурност на платите, нови работни места, повеќе инвестиции, повисоки плати. Ние како што знаете, ги покачивме пензиите. Сите пензионери, од јануари земаат повисока пензија за 722 денара, 324.000 пензионери. Ова е најголемо покачување на пензиите во последните 12 години. Просечната пензија со новото покачување изнесува 15.500 денари.

Тоа го овозможивме со тоа што го стабилизиравме Пензискиот фонд којшто беше во долгови. На овој начин обезбедивме сигурни пензии за сегашните пензионери и за идните пензионери. Реформата во пензискиот систем се спроведува врз основа на темелни анализи и системски пристап кон зголемувањето на пензиите, темелен на реален раст на економијата, а не на политички, моментални решенија. Дефицитот во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување e намален за 3.7 милијарди денари, без радикални мерки како замрзување на пензии или зголемување на старосната граница за пензионирање“ рече Спасовски на средбата со пензионери синоќа во Автокоманда и најави дека продолжуваме да инвестираме во луѓето и во институциите и во следниот 4-годишен мандат.

Интегрално соопштение

Leave a Reply