Создадена маска која за 90 минути открива коронавирус во здивот

Сподели со своите пријатели

Тим истражувачи од Институтот за технологија во Масачусетс и Универзитетот Харвард дизајнираа прототип маска која открива присуство на коронавирус во здивот.

Loading...

Технологијата се заснова на сличен начин за дијагностицирање на вирусот ебола и зика, која беше развиена во средината на последната деценија од професорот по инженерство на МИТ, Џејмс Колинс.

Колинс подоцна смислил систем за сензори за откривање на нуклеински киселини.

Неговиот тим научници веќе работеше на развој на преносни сензори, како што се маски, кога минатата година избувна пандемијата на коронавирусот.

 

 

Затоа тие ги насочиле своите напори на маски кои откриваат ковид, а напредокот на тоа поле го објавија во медицинското списание „Природна биотехнологија“.

Loading...

Ситни сензори, соодветно наречени „шерлоци“, се вметнуваат во маската за да можат да детектираат честички на вирусот во здивот. Лицето кое носи маска мора да го притисне копчето што започнува процес на тестирање.

Резултатот е подготвен во следните 90 минути и може да се види само од внатрешноста на маската, заради приватност.

„Замислуваме дека таков систем може да стане носен биосензор за медицински работници, пожарникари, полиција и други јавни службеници“, изјави Колинс за МИТ Њуз.

 

Leave a Reply