Совети за правилно перење и сушење зимски јакни: Центрифугата ги уништува пердувите

Сподели со своите пријатели

Есента е веќе тука и е вистинско време да ги извадите зимските јакни од гардероберот

Loading...

Со оглед на тоа што не сте ги носеле една година и веројатно мирисаат застоено, еве неколку трикови како правилно да ги исерете и исушите зимскате јакни без да ја уништите.

Перена јакна се зголемува  за време на перењето и зафаќа поголем дел од просторот во барабанот, затоа не ја преполнувајте машината. Најдобро е да перете само една јакна.

 

 

Не користете класичен детергент. Препорачливо е да се перат јакни од пердуви со течен детергент за нежни алишта или специјализиран детергент за овој тип облека.

Вклучете ја програмата за нежни алишта. Секоја машина има различни програми, но за перење јакни со пердуви, секогаш избирајте ги оние за деликатни алишта при кои температурата на водата не надминува 30 или 40 степени.

Loading...

Кога ќе го измиете и извадите од машината, задолжително протресете го. Можете да го ставите на жица или да го ставите на машина за сушење, но задолжително протресете го од горе и долу за да ги наредите пердувите. Земете го за јаката или горниот дел и протресете го, а потоа за долниот дел и повторете ја постапката.

 

 

Обрнете внимание на грутките пердуви. Сè додека имате проблеми со кршење и расфрлање на грутки од пердуви, тоа значи дека можно е  јакната се уште да е влажна внатре, па пердувите не се одвојуваат. Сакото можеби изгледа сосема суво на изглед и на допир, но грутките се знак дека внатрешноста се уште не се исушила. На јакната со пердуви и треба долго време да се исуши, понекогаш два до три дена ако ја сушите за време на влажно и студено време. Најдобро се суши кога дува ветер, бидејќи тогаш воздухот рамномерно циркулира.