Сончево со мала локална облачност

Сподели со своите пријатели

Времето во земјава во утринските часови ќе биде студено и во некои котлини со појава на магла. Преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб претежно северен ветер.

Loading...

Утринската температура ќе се движи од минус 8 до 0, а дневната од 8 до 16 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и стабилно време. Утринската температура изнесуваше три степени под нулата, а дневниот максимум ќе достигне 9 степени.

Во следните денови продолжува стабилното и сончево време со ниски утрински температури. Понекаде во котлините наутро ќе има услови за појава на магла и таму температурата ќе остане пониска во текот на денот. За време на викендот ќе настапи промена на времето.

Leave a Reply