Сончево и топло со услови за попладневна нестабилност

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Попладне ќе има локална појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени.

УВ индексот ќе биде многу висок со коефициент осум.

 

 

Loading...

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло време со мала до умерен облачност. Во попладневните часови е можна појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и електрични празнења.

Температурата денеска низ кумановско ќе се движи од 15 степени во утринските часови до максимални 30 степени целзиусови во текот на денот.

 

 

Како што додаваат од Управата за хидрометеоролошки работи, во следните денови ќе се задржи сончево време со умерена облачност.

Во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Утре ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец што ќе предизвика дневната температура во следните денови да биде пониска за неколку степени.

 

Loading...

Никола Ивановски