Сончево и топло со услови за изолирана нестабилност попладне

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло, само во северните планински подрачја ќе има услови за краткотрајна нестабилност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе се движат од 10 до 19, додека максималните ќе бидат во интервал од 29 до 35 степени. Индексот на УВ зрачењето ќе биде многу високо со коефициент 9.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време, со услови за изолирана нестабилност во попладневните часов. Максималната дневна температура се очекува да достигне 30 степени.

Во вторник попладне ќе има локален пороен дожд и грмежи, особено во западните и североисточните делови. Во среда и четврток ќе биде малку посвежо со умерен до засилен ветер од северозападен правец. Потоа се очекува претежно стабилно и топло време со пораст на дневните температури.

Leave a Reply