Сончево до умерено облачно со засилен ветер

Сподели со своите пријатели

Времето во текот на ноќта беше претежно облачно со врнежи од дожд поинтензивни во западните делови. Утрово во источните делови облачноста се намали, а во западните се уште има врнежи од дожд.

Loading...

Во поголемиот дел од земјава времето во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во западните делови ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, особено на повисоките места каде ќе достигнува брзина над 70 км/час.

Максималната температура ќе биде во интервалот од 14 до 21 степен.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време со максимална дневна температура од 14 степени.

Leave a Reply