Соборени 10 дронови над Крим, 3 елиминирани електронски

Сподели со своите пријатели

Руската противвоздушна одбрана собори 10 украински дронови при обид за напад на Крим, а уште три беа електронски потиснати, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Loading...

Се нагласува дека нема жртви или материјална штета, пренесува Интерфакс.

Советникот на шефот на Крим, Олег Крјучков, изјави дека системи за противвоздушна одбрана функционираат во неколку региони на полуостровот, дека сите предмети се соборени и дека нема повредени.

На Крим и Севастопол на сила е жолтото ниво на закана од тероризам, јави Интерфакс.