Со Тесла удрил во зградата со брзина од 110 км/ч (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Уште една бизарна сообраќајна несреќа се случила во САД, во која учествувало возило „Тесла“. Иако во слични несреќи на американскиот електромобил, возачите најмногу го обвинуваа автопилотот за несреќата, засега нема индиции дека системот за автономно возење го предизвикал овој инцидент.

Loading...

Видеото го прикажува моментот кога Тесла Модел 3 влетал во конгресниот центар во Колумбус, Охајо. Автомобилот се движел со голема брзина, така што пред да ја пробие влезната врата од центарот буквално одлетал во воздух. Несреќата по некое чудо не довела до повреди опасни по живот.

Видеото ја прикажува несреќата од три различни агли, а според локалните медиуми, автомобилот се движел околу 113 км/ч кога се случила несреќата. Автомобилот поминал на црвено светло на семафор, пред возачот наводно „да изгубил контрола над сопирачките“.

 

 

Тројца сведоци и рекле на полицијата на лице место дека мислеле дека возачот со голема брзина ја преминал раскрсницата на жолто светло и дека не забележале дека се обидел да ја намали брзината пред да удри во конгресниот центар.

Првичните проценки сугерираат дека поправката на штетата на зградата ќе чини помеѓу 250.000 и 350.000 долари, но работите можеле да бидат многу полоши. Покрај пешаците и другите возила кои се наоѓале во околината во моментот на несреќата, во конгресниот центар тој ден се одржаа и неколку настани, меѓу кои и женското јуниорско првенство во одбојка.

Loading...

Возачот е повреден и пренесен во Медицинскиот центар Грант и, според полицијата, е во стабилна состојба. Во полициските извештаи не е наведено дали автопилотот бил активиран во моментот на несреќата.