Со само еден твит, Маск ја урна цената на Биткоин!

Сподели со своите пријатели

Биткоинот денес се врати на околу 50.000 американски долари во азиското тргување, откако падна дури за 17% откако Илон Маск објави на Твитер дека Тесла престанува да ја прифаќа оваа валута за купување на нивните возила од еколошки причини.

Loading...

„Загрижени сме за зголемената употреба на фосилни горива за експлоатација и трансакции со биткоин, особено јаглен, кој има најлоши емисии од било кое гориво“, напиша Маск.

 

 

Цената на најголемата криптовалута во светот падна од околу 54.819 на 45.700 долари, што е најниска од 1 март, нешто помалку од два часа по овој твит на Маск, но имаше закрепнување на азискиот пазар околу половина од тој пад и последен пат се тргуваше за околу 50.196 долари за еден биткоин, пренесува Ројтерс.

Етер, втората по големина крипто валута во светот, следеше слична шема, исто така, падна за 14 проценти и достигна најниско ниво од 3.550 долари, пред да се врати на околу 3.965 американски долари.

 

Loading...

 

Претходните соопштенија и објави на Тесла за купување на 1,5 милијарди долари биткоин и дека ќе ги прифати како плаќање за неговите автомобили се еден од факторите кои предизвикаа зголемување на вредноста на дигиталните белези оваа година.

Leave a Reply