Со пренамени на средства Општина Куманово ќе му помогне на „Денови на комедија“

Сподели со своите пријатели

Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово од побараните 2 милиони денари, од Министерството за култура ќе добие 600.000 денари за организирање на театарскиот фестивал „Денови на комедија“, а од општината се предвидени 200.000 денари. Во случај да не се обезбедат потребните два милиони, општината со пренамени на буџетски средства ќе му помогне на овој фестивал.

Loading...

Советникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Петковски денеска на седница на Советот праша дали ќе се направи ребаланс на буџетот за да се дојде до сумата потребна за организирање на културната манифестација.

– Дали ќе се поднесе предлог ребаланс на буџетот за 2019-та година со кој ќе се дотира организирањето на фестивалот со остатокот од одобрените 600.000 денари до потребните 2 милиони денари како би можело достојно да се организира оваа манифестација и со тоа да се обележи 2019-та како јубилејна за Куманово и на тој начин да се исправи неправдата која на Куманово му е нанесена од страна на владата и министерството за култура со неодобрување на потребните средства за одржување на овој фестивал, праша Петковски.

Раководителот на Секторот за култура при Општина Куманово, Цоки Рисовски истакна дека ќе се бара помош од Владата, но доколку не се наиде на помош од таму, општината сама ќе изнајде сили да го помогне фестивалот.

– Во план сме да се обратиме до Владата да побараме дополнителни финансиски средства, по повод овој голем јубилеј да ни се одобрат дополнителни финансиски средсртва за да можеме да ги покриеме и другите трошоци за градот на култура. Инаку што се однесува за планираните буџетски ребалнс ние во ставката во програмата за култура покрај овие 200.000 денари, имаме предвидено и резервни финансиски средства кои можеме да ги насочиме пренамениме за „Денови на комедија“, а исто така и од вкупната сума што ќе ја добиеме за потребите за градот за култура, можеме еден дел од тие финансиски срсдтва да ги пренасочиме за фестивалот, рече Ристовски.

Дека нема да се дозволи одржувањето на оваа манифестација да биде под знак прашалник, потенцираше и градоначалникот Максим Димитриевски, кој исто така најави дека ќе се бараат сите можни начини за финансиска помош.

Loading...

– Нема да дозовлиме одржувањето на оваа маниефстација биде под знак прашање и доколку не се обезбедат дополнителни средства од страна на Владата, или дополнителна финансиска поддршка од одредени субјекти да го спонзорираат настанот, ние ќе интервенираме буџетски тогаш со пренамена на сметките ќе го помогнеме одржувањето на овој настан, инаку воедно водиме постапка со владата за децентрализација на центарот за култура, театарот и музејот во куманово и овие субјекти ги сметаме во овој дел сорабтоката е на високо ниво, рече Димитриевски.

Инаку 500-годишниот јубилеј од формирањето на Куманово годинава ќе се одбележи и со дополнителни настани кои ќе ги спонзорира Министерството за култура која го прогласи Куманово за град на културата за 2019 година.

Општината претходно во апликацијата побарала 15 милиони денари за 38 проекти, меѓутоа од страна на министерството одобрени се три милиони денари.

фото: архива

Leave a Reply