Со положување свежо цвеќе денес на Спомен Костурница во Куманово беше одбележан Денот на востанието „11 Октомври“ во присуство на локалната самоуправа, министри, претставници на Владата на Република Македонија, Собранието и кабинетот на претседателот.
Loading...
[huge_it_gallery id=”427″]
Со своето поздравно обраќање градоначалникот на Зоран Дамјановски се осврна на минатото и борбата за слободна Македонија и со порака на иднината.
Куманово во 1941 година не ги жалеше своите животи за светите идеали и за подобрата иднина на својот народ и за сите граѓани на Македонија. Денеска од сите нас, а особено од новите, млади и современи генерации историјат ане бара поднесување на човечки животи за доброто на народот туку абра друг вид пожртвуваност, патриотизам и достоинство во решавање на современите нашите предизвици кои се на патот на демократијата, правното општество и економската перспектива на Република Македонија – рече Дамјановски.
Како што потенцираше градоначалникот Дамјановски целата борба е дел од нашиот идентитет и никогаш нема да исчезне и поради тоа треба да носиме вечна благодарност кон оние кои допринеле за заедничко добро.
Обврска на секоја генерација, а и денеска на нашата, на помладите генерации да им ги оставиме нашите колективнипаметења во аманет, за да и тие на идните генрации на нашиот град и нашата држава го пренесуваат истото. Народот кој немал минато, нема ни иднина – додаде Дамјановски.
Освен градоначалникот ии локалната самоуправа, дел од свечената церемонија беа и дополнителните заменици министри за внатрешни работи и труд и социјална политика, Оливер Андонов и Диме Спасов.
Андонов упрати честтика до граѓаните на Република Македонија по повод празникот, а критика до министерот Оливер Спасовски.
Самиот празник претставува продолжеток на целокупната борба на македонскиот народ, на генерациите пред нас и генерациите после нас за назависна Македонија, за европска Македонија. Сакам да ги повикам граѓаните на Република Македонија на единство, сплотеност, работа кон напредокот на Македонија – вели Андонов.
Свеченоста беше збогатена и со литературно читање на ученици од СОУ Гимназија „Гоце Делчев“, а лошото време не ги спречи граѓаните да дојдат и да им положат свежо цвеќе на оние кои се бореле за слободна Македонија.