Со ненуклеарна бомба од 9,5 тони САД го „пеплоса“ Авганистан (видео)

Сподели со своите пријатели

Војската на САД вчера попладне ја фрли најголемата ненуклеарна бомба врз Авганистан. Според податоците на американската војска бомбата GBU-43/B наречена „мајка на сите бомби“ е истрелана по прв пат.

Нападот е извршен вчера околу 19 часот по локално време, а целта биле пештери во провинцијата Нангар на истокот од Авганистан кои ги користеле екстремистите на Исламската држава. По експлозијата било уништено се во радиоус од 300 метри.

Воздухопловството на САД за мета ги имало борцита на ИД и тунелите кои тие ги користат. Експлозијата според пишувањата одекнала дури до Санкт Петербург.

 

Loading...

 

Бомбата која била тешка 9,5 тони била фрлена во областа Ачин во Нангар. Пентагон потврдува дека моментално ја согледуваат штетата. Бомбата имала јачина од 11 тони ТНТ, а само за споредување бомбата фрлена врз Хирошима имала 15 тони ТНТ.

САД бомбата ја направиле во 2003 година, а употребена е по 16 години воена интервенција на САД во Авганистан и откако припадник на специјалните сили бил убиен во тој регион. Биле направени само 20 вакви бомби, а секоја поединечно чини 16 милиони долари. Вкупно за нивната изработка биле потрошени 314 милиони американски долари.

МОАБ момбата ја дизајнирале за големите подземни објекти и оние кои се наоѓаат во близина на експлозија ја чувствуваат како нуклеарна. Бомбата била фрлена од авионот MC-130.

Командантот на силите на САД во Авганистан, генерал Џон Николсон одобрил користење на бомбата, јавува CNN.