Со концерт и во Куманово ќе се прослави поканата за членство во НАТО

Сподели со своите пријатели

Групата Шутка Рома Рап, Мухамед Ибраими, PMG Колектив и Фолтин ќе одржат концерт на градскиот плоштад во Куманово, а во организација на Владата на Република Македонија по повод поканата за членство во НАТО која државата ја доби вчера.

Вкупно 40 артисти ќе настапат во 15 градови низ државата, а премиерот Зоран Заев ги повика граѓаните како што вели да се прослави историскиот успех на земјата.

– Во името на Владата на Република Македонија, премиерот Зоран Заев денеска упати покана до сите граѓани за заедничка прослава на историскиот успех на Македонија. Македонија доби покана да стане членка на НАТО и има датум за преговори со Европската Унија. Се изборивме за сигурна иднина! Доаѓа време на надеж, на победи, на гордост. Време на сигурност и безбедност. Доаѓа време на подобар живот за сите граѓани, тука, во нашата земја, стои во соопштението од ПР тимот на Владата.

Loading...

Leave a Reply