Со детектор за метал пронашле златна Библија стара 600 години

Сподели со своите пријатели

Медицинската сестра Бафи Бејли од Ланкастер пронашла минијатурна златна Библија додека користела детектор за метал со нејзиниот сопруг Иан за да пребарува земјоделско земјиште во близина на Јорк.

Loading...

Вредната Библија можеби некогаш била во сопственост на средновековен аристократ или кралско семејство.

Предметот стар 600 години, долг само 1,5 см, би можел да вреди повеќе од 100.000 фунти, рече Бејли.

Експерт го нарекол уникатен артефакт кој веројатно бил во посед на многу богат човек.

Бејли им кажа на новинарите дека таа и нејзиниот сопруг го избрале Јорк за истражување бидејќи добро ја знаат богатата историја на тој дел од Англија.

За ова добиле дозвола од сопственикот на земјиштето.

„Ископав околу 13 см и открив златен предмет. Во тоа време, не мислев дека е нешто толку посебно. Тоа го сфатив дури откако внимателно го исчистив од земја. Тежок и сјаен предмет, неверојатно убав и веројатно златен“, си помислив.

Минијатурната Библија тежи само 5 грама и е изработена од 22 или 24-каратно злато. Се верува дека потекнува од 15 век.

Loading...

На неа се врежани фигурите на свети Леонард и Света Маргарет, заштитничката на породувањето и веројатно биле користени како предмет за заштита на сопственикот за време на бременоста и породувањето.

Минијатурна Библија е пронајдена на копно недалеку од имотот што некогаш му припаѓал на Ричард Трети (1483-1485), а експертите шпекулираат дека тоа можеби било сопственост на неговите роднини или неговата сопруга Ен Невил.

Тие го споредија со Middleham Jewel, златен привезок со син сафир пронајден во замокот Мидлхам, на околу 64 километри, исто така во сопственост на Ричард Трети и семејството Невил. Станува збор за златен привезок од крајот на 15 век, кој исто така бил откриен од детектор за метал недалеку од замокот во 1985 година.

Џулијан Еван-Харт, уредник на магазинот Treasure Hunting, рече дека златната Библија е пронајден уникатен историски артефакт.

„Ова уметничко дело е јасно иконографско и е многу слично на Middleham Jewel, па постои можност да е направено од истиот уметник.

„Оној што нарачал да се направи ваква минијатурна златна Библија морал да биде неверојатно богат“, рече Бејли. „Нема ништо слично на светот досега. Предметот би можел да вреди повеќе од 100.000 фунти.

Музејот на Јоркшир во Јорк проценува слични предмети пред аукционерот да ја одреди цената, а потоа музејот одлучува дали да ги откупи.

Во 1992 година, музејот плати 2,5 милиони фунти за да го купи Middleham Jewel.

Loading...