Со „Далечна“ Мартинијан Кириловски ќе настапи на „МакФест“

Сподели со своите пријатели

Мартинијан Кириловски, еден од моментално најуспешните кумановци, оваа година повторно ќе земе учество во еден од реномираните македонскит ефестивали за забавна мелодија, „МакФест“.

Со песната насловена како „Далечна“, за која текстот го потпишува Огнен Неделковски, музиката е дело на Григор Копров, а сето тоа во аранжман на Владимир Дојчиновски, Мартинијан ќе настапи на првата полуфинална вечер, односно на 2-ри јуни.

Фестивалот ќе се одржи од 2ри до 5ти јуни во Штип, каде најдобрите ќе се бираат со телевоутинг, така да секој кој сака може да ја даде поддршката на Мартинијан Кириловски, кој веќе има освоено трето место од овој фестивал.