Снимка од Џон Ленон со необјавени песни наскоро на аукција

Сподели со своите пријатели

Аудио касета со снимка на Џон Ленон како пее досега необјавени песни за време на неговиот престој во Данска во 1970 година, ќе биде ставена на аукција на 28 септември во Копенхаген, објави аукциската куќа Брун Расмусен.

Loading...

Снимката, проценета помеѓу 27.000 и 40.000 евра, трае 33 минути и им припаѓа на четворица мажи кои го запознале Ленон како адолесцент, кој помина дел од зимата 1969-1970 година на западниот брег на Данска.

„Снимката е потполно уникатна бидејќи е разговор. Снимена е по прес -конференција, кога средношколци, заедно со неколку новинари, разговарале со Ленон, кој пеел некои песни за нив“, рече Брун Расмусен за АФП од куќата.

Легендарниот Ленон тогаш ја отпеал песната „Radio Peace“, која никогаш не беше објавена.