Снимен моментот кога руска ракета погоди тролејбус во Киев (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најмалку едно лице загина во понеделникот во напад на станбена зграда во Киев, а 12 се повредени, соопштија украинските власти.

Loading...

На Телеграм, украинските служби за итни случаи објавија дека осумкатницата во областа Оболон на северот на Киев била погодена во зоната од артилериски оган и предизвикала пожар кој бил изгаснат од пожарникарите.

 

Чеченците тргнаа во Украина, Кадиров: Сега можеме да го заземеме Киев (ВИДЕО)

 

Најпрвин изворот рекол дека во урнатините биле пронајдени две мртви, а потоа таа порака била избришана и констатирана е смртта на едно лице.

Од службата додаваат дека уште три лица се хоспитализирани, а деветмина добиле медицинска помош на лице место.

Проектилите погодиле и еден тролејбус и вистински благослов е што немало никој внатре.

Loading...

 

Едно лице загина откако во Киев паднаа остатоци од соборена руска ракета (ФОТО)

 

Надзорните камери го снимија тој ужасен момент, на видеото јасно се гледа како господин безгрижно шета во парк токму во моментот кога ракетата поминала зад него и уништила половина улица.