Смртноста од загадениот воздух поголема од што се мислеше, велат експертите

Сподели со своите пријатели

Повеќе од осум и пол милиони луѓе починале во 2018 година од загадување предизвикано од согорување на фосилни горива, покажува новото заедничко истражување на Харвард и трите престижни британски универзитети, што е значително повеќе од предложените претходни истражувања.

Loading...

Ова значи дека загадувањето на воздухот предизвикано од согорување на фосилни горива е одговорно за скоро 20% од смртните случаи ширум светот.

 

 

Студија објавена во списанието „Истражување на животната средина“ покажа дека регионите со најголемо загадување на воздухот поврзани со фосилни горива, како што се Источна Европа, Југоисточна Азија и источна Северна Америка, имаат најголема стапка на смртност.

Оваа студија значително ги зголемува претходните проценки за бројот на луѓе кои умираат од загадување на воздухот.

Голема студија за причините за смрт на глобално ниво од 2019 година проценува дека вкупниот број на смртни случаи од надворешно загадување на воздухот е околу 4,2 милиони.

Loading...

 

 

Покрај согорувањето на фосилни горива, оваа бројка вклучува и смртни случаи поврзани со други извори на загадување, како што се чад од шумски пожари и палење стрништа.

Како тогаш, истражувачите дошле до 8,7 милиони смртни случаи во 2018 година само од согорување на фосилни горива?

Претходните истражувања во голема мера се потпирале на податоци и отчитувања набљудувани од сателити од мерни места за да се проценат просечните годишни концентрации на ПМ 2,5 честички на глобално ниво.

 

Loading...

 

Сепак, од овие отчитувања не било можно да се разликуваат честичките генерирани од согорувањето на фосилни горива од оние предизвикани од прашина или чад од шумски пожари.

„Со помош на сателитски податоци, можете да видите само едно парче од сложувалката“, рече Лорета Микли од Харвард, една од авторите на студијата.

„Користејќи сателити, тешко е да се направи разлика помеѓу различните видови честички и може да наидете на големи „дупки“ во податоците“, вели таа.

 

 

За да се надмине овој предизвик, истражувачите користеле сигурен глобален 3Д-модел наречен GEOS-Chem кој е во состојба да покаже нивоа на загадување при висока резолуција од 50 пати 60 километри.

Loading...

„Наместо да се потпреме на просечното загадување кое опфаќа големи региони, ние сакавме да мапираме каде е загадувањето, како и каде живеат луѓето, за да можеме точно да знаеме каков воздух дишат луѓето“, рече Карн Вора, главен автор на студијата од Универзитет во Бирмингем.

По мапирањето на загадувањето, истражувачите ги обработиле податоците користејќи ги најновите сознанија за здравствените проблеми предизвикани од загадувањето на воздухот.

 

 

Иако несаканите здравствени ефекти од загадувањето на честичките се познати од поодамна, претходните истражувања покажаа дека тие ги потцениле здравствените ефекти од релативно пониско ниво на загадување, како и екстремно високи концентрации на загадувачи.

Loading...

Резултатот добиен од научниците со употреба на нови методи покажа дека на глобално ниво, изложеноста на загадување на честички предизвикано од согорување на фосилни горива предизвика дури 21,5% (10,2 милиони промилии) од сите смртни случаи во 2012 година. Оваа бројка падна во 2018 година. На 18% (8,7 милиони смртни случаи), најмногу благодарение на подобрениот квалитет на воздухот во Кина.

„Кога разговараме за опасностите од согорување на фосилни горива, ние често се фокусираме само на контекстот на климатските промени и емисиите на јаглерод диоксид, игнорирајќи ги потенцијалните влијанија врз здравјето на другите загадувачи што се емитираат заедно со стакленички гасови“, рече Џоел Шварц, еден од креаторите на новиот модел за проценка на влијанието на загадувањето на воздухот врз здравјето користен во истражувањето.

 

 

Loading...

„Се надеваме дека со квантифицирање на здравствените последици од согорувањето на фосилните горива, ќе можеме да им испратиме јасна порака на креаторите на политиката и другите засегнати страни за придобивките од пренасочувањето кон алтернативни извори на енергија“, додаде тој.

Уште еден од авторите на истражувањето, Елоиз Мареи, истакнува дека овие откритија дополнително придонесуваат за огромен број докази кои покажуваат дека зависноста од фосилни горива го загрозува глобалното здравје.

„Не можеме да продолжиме да се потпираме на фосилни горива со чиста совест, додека во исто време ни се достапни почисти алтернативи, особено сега кога знаеме дека има такви сериозни последици по здравјето“, заклучи таа.

Leave a Reply