Скоро 200.000 патници влегле преку Табановце викендов во Македонија

Сподели со своите пријатели

Скоро 200.000 лица влегла во Македонија преку Граничниот премин Табановце изминатиот викенд покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи.

Loading...

– За време на изминатиов викенд односно во период од 21.07.2023 година до 23.07.2023 година до 08.00 часот на Граничен премин Табановце влез во Република Северна Македонија имаат остварено вкупно 193.735 патници, стои во одговорот кој го побаравме утринава од МВР.

Најголем дел од оние кои влегле во државата се странски државјани, вкупно 136.754, додека 56.981 се македонски државјани.

– Излез на овој  граничен премин имаат остварено 60.177 патници од кои 42.143 странски државјани и 18.034 македонски државјани, додаваат од полицијата.

Според МВР, моменталната состојба на граничниот преми е редовна, подолги задржувања нема освен редовните постапки за вршење на пасошка контрола.

Никола Ивановски