Сите теории за нападот на клучната руска база на Крим

Сподели со своите пријатели

Сателитските снимки кои беа создадени по гранатирањето на полуостровот Крим го покажуваат степенот на уништување на руската воена база во Саки.

Loading...

Во нападот се оштетени или уништени најмалку осум руски воени авиони, за кои сѐ уште никој не ја презел одговорноста.

Иако Русија сѐ уште тврди дека воената база е недопрена и дека авионите се подготвени за акција, украинската страна вели дека авијацијата на Кремљ е значително десеткувана.

Првично, украинските воздухопловни сили соопштија дека по драматичните експлозии во воздухопловната база Саки биле уништени најмалку девет руски авиони.

Истовремено, Русија тврди дека едно лице загинало, најмалку 14 лица се ранети, а бројни куќи се уништени.

Конфликтни тврдења

Никој не ја презеде одговорноста за нападот што се случи, иако бројни фактори укажуваат дека Украина го изврши гранатирањето на Крим, поточно воената база која е од големо значење за Русија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го спомена нападот во своето редовно обраќање, но се фокусираше на уништувањето на Русија.

„За само еден ден окупаторите изгубија десет борбени авиони: девет на Крим и уште еден во правец на Запорожје. Окупаторите трпат и нови загуби на оклопни возила, магацини за муниција и логистички рути“, нагласи претседателот на Украина.

Loading...

Од друга страна, Русија се обиде да го намали значењето на нападот, негирајќи дека било кој авион бил оштетен во експлозиите.

Од Кремљ стигна само признание дека имало детонација во објект на Крим, пренесува Нова.рс.

Според моментално достапните информации, Украина не поседува ракети со дострел доволен за да стигнат толку длабоко на територијата под руска контрола, поради што се појавија шпекулации за какво оружје се работи.

Некои тврдат дека можеби станува збор за балистички ракети со краток дострел кои Украина ги развива со години, други ги спомнуваат противбродските ракети Нептун (кои го потопија крстосувачот Москва 2), а исто така се шпекулира дека Американците тајно испратиле во Киев МГМ-140 ракети ATACMS кои можат да бидат лансирани од системот ХИМАРС, со дострел од 300 километри.

 

 

Снимката го покажува уништувањето

Сепак, неодамна објавените сателитски снимки покажуваат повеќе борбени авиони во воена база на Крим.

Loading...

 Фотографиите од лабораториите Планет со седиште во САД покажаа големи површини на изгорена земја и оштетувања на пистата заедно со јагленисани остатоци од воени авиони.

Сликите направени од приватен сателитски оператор околу 8 часот наутро на 9 август, приближно четири часа пред нападот, и околу 16:40 часот на 10 август, покажаа дека најмалку осум авиони се оштетени или уништени.

Сликите „пред и потоа“ се прва независна потврда за оштетување на базата, што покренува прашања за тоа како местото, на повеќе од 100 милји од линијата на фронтот, можело да биде нападнато.

Елиот Хигинс, основач и директор на истражувачката веб-страница „Белингкет“ истакна дека ова е уникатен случај кога станува збор за руски воени загуби.

„Не се сеќавам дека Русија некогаш изгубила толку многу воени авиони во еден ден“, изјави тој за американските медиуми.

Според него, на местото на експлозијата на Крим може да се видат три кратери, на локации кои се чини дека се користат за складирање.

„Еден начин да се интерпретираат тие кратери се прецизни удари од муниција со долг дострел“, рече тој.

Клучна основа

Воздухопловната база Саки на Крим е дом на ловци Су-30М, бомбардери Су-24 и транспортери Ил-76, кои редовно се користат за ракетни напади врз Украина и патролирање на Црното Море и околината.

Loading...

Крим е меѓународно признат како дел од Украина, но беше анектиран од Москва во 2014 година.

Советникот на украинскиот претседател, Алексеј Арестович, рече дека експлозиите биле или предизвикани од оружје со долг дострел од украинско производство, или дело на украински герилци кои дејствуваат на Крим.

Русите си заминуваат од Крим

По серијата големи експлозии што ја потресоа руската воена база Саки на Крим, која е оддалечена повеќе од 200 километри од линијата на фронтот, голем број Руси решија да го напуштат полуостровот, кој е под руска окупација од 2014 година.

Што и да ги предизвика експлозиите во базата Саки, се чини дека ги исплаши руските туристи кои летуваа на Крим.

Имено, само неколку часа по нападот, на социјалните мрежи почнаа да кружат фотографии од Крим на кои се гледаат колони автомобили.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА. 

Loading...