Сите сакаат газда како него: Прво ја зголемил платата на вработените, а потоа направил нешто неочекувано

Сподели со своите пријатели

Основачот на маркетинг компанијата Едвард Њуман од Велика Британија најави големо зголемување на платите на својот персонал за да го покрие претстојното владино зголемување на социјалното осигурување.

Loading...

Компанијата за дигитален маркетинг 71а со седиште во Костволдс ќе ги зголеми платите на својот персонал за да им помогне да врзат крај со крај бидејќи придонесите за социјално осигурување во Англија се зголемуваат за 1,25 отсто во април и за работодавците и за вработените.

Ќе се воведе и четиридневна работна недела.

Говорејќи за Gloucestershire Live, 34-годишниот извршен директор и основач Едвард Њуман рече дека сака да им помогне на своите работници за да не бидат на кој било начин оштетени во одлуките на Владата.

Разбирам зошто придонесите за социјално осигурување треба да се зголемат оваа година, но не сакав да го видам мојот тим под финансиски притисок. Ова поскапување заедно со огромниот пораст на сметките за струја и храна е доволно да ги натера да размислат што треба да намалат – изјави Њуман.

Тој додаде дека целата компанија поминала низ многу тешкотии во последните години, а овој потег, како што вели, е најмалку што може да направи за да го отстрани стресот од вработените.

Њуман ги охрабри и другите компании да го следат „71а“ во зголемувањето на платите и намалувањето на работното време.

Ејми Харкер, маркетинг асистент на 71а, додаде дека трошоците за живот се зголемени и тие излегуваат од контрола.

Loading...

– Цените пораснаа. Поскапеа бензините, храната, облеката и струјата… Списокот на поскапувања од ден на ден е се поширок – изјави таа.