Сите ќе мора да носат маски како жителите на Куманово, Прилеп и Тетово

Сподели со своите пријатели

Комисијата за заразни болести до Владата на Република Северна Македонија доставила предлог за намалување на полицискиот час и рестриктивните мерки, но затоа сите во државата ќе мора да носат маски и заштитна опрема, како што тоа првин беше најавено само за Куманово, Прилеп и Тетово.

Loading...

Жителите на овие три града од утре ќе мора да носат маски, а кога ќе важи и за останатите ќе биде познато утре.

– Предлог одлуката важи за територијата на целата држава, не е донесена за овие општини, утре на седница на Владата ќе се дискутира за овие мерки да важат на теријторијата на целата држава, затворени простории и отворени каде нема да може да се одржува дистанца, не се само Прилеп, Куманово и Тетово туку територијата на целата држава, согласно одлуката на Владата ќе ја информираме јавноста од кога оваа одлука ќе важи, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Никола Ивановски

Leave a Reply