Сино-белите ги прегазија играчите на Карпош Соколи (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово вечерва на домашен терен го собладаа ривалот Карпош Соколи со резултат 94:88, по втор пат во овој дел од домашната лига, откако претходно извојуваа победа и на гостински терен.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”336″]

 

На почетокот Соколов донесе изедначување од 4:4, но тоа беше најголемото доближување со поените, кои постојано одеа во корист на сино-белите. Број на изгубени топки продолжи да расте, а обидите за брзо намалување со шутеви од далечина имаше катастрофален успех (2/11 шут за три).

 

 

Резултатот на полувремето беше во корист на домаќините и тоа 50:39, откако играчите на Карпош Соколи шутираа само 2/11 за тројка во првите 20 минути игра.

 

Loading...

 

Првата двоцифрена вредност на КК Куманово во вториот дел од натпреварот ја донесе Бојан Трајковски, со што резултатот стана 52:42. Во третата четвртина гостите погодија пет тројки што им внесе некаква надеж во играта, но најголемото доближување им беше 64:61, па така во последната четвртина влегоа со резултат 72:67, за да на крај слават домаќините со резултат 94:88.

 

 

Со дабл-дабл од 26 поени и 11 скокови Бојан Трајковски беше најдобар во редовите на КК Куманово, а веднаш зад него Симоновски, Мандиќ и Караџовски постигнаа по 13 поени. Најефикасен кај противничкиот табор беше Соколов со 18 поени.

 

 

Со оваа победа Куманово и Фени Индустри го делат третото место на табелата, додека Карпош Соколи со 17 победи и 7 порази и натаму стојат цврсто на втората.