Силниот ветер што попладнево го зафати Куманово откорна дрво на булеварот „Октомвриска револуција“.
Loading...
Екипите на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ веднаш излегле на терен и дрвото е отстрането од булеварот.
Loading...
Инаку според порталот за временска прогноза accuweather, за денеска во Куманово имаше најавено ветер со брзина и до 50 километри на час. Невремето беше проследено со послаби врнежи од дожд и снег.
Никола Ивановски
Loading...