Силниот снег што неодамна падна во Јапонија однесе 13 животи, повеќе од 80 лица беа повредени, а повеќе од 10.000 домаќинства останаа без струја, соопштија денеска јапонските власти. Поради снежното невреме и високите бранови во северниот дел на оваа островска земја и покрај бреговите на Јапонското Море се очекува снежна покривка од околу 60 сантиметри, предупреди националната метеоролошка служба, пренесува Танјуг. До попладнето по локално време, повеќе од 30 лица се тешко повредени, а повеќе од 50 се полесно повредени, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи. Железничкиот и авиосообраќајот се во прекин на северот на Јапонија, а има и нарушувања во сообраќајот во централните и западните делови на земјата, се наведува во извештајот на јапонскиот јавен сервис NHK.

Сподели со своите пријатели

Силниот снег што неодамна падна во Јапонија однесе 13 животи, повеќе од 80 лица беа повредени, а повеќе од 10.000 домаќинства останаа без струја, соопштија денеска јапонските власти.

Loading...

Поради снежното невреме и високите бранови во северниот дел на оваа островска земја и покрај бреговите на Јапонското Море се очекува снежна покривка од околу 60 сантиметри, предупреди националната метеоролошка служба, пренесува Танјуг.

До попладнето по локално време, повеќе од 30 лица се тешко повредени, а повеќе од 50 се полесно повредени, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи.

Железничкиот и авиосообраќајот се во прекин на северот на Јапонија, а има и нарушувања во сообраќајот во централните и западните делови на земјата, се наведува во извештајот на јапонскиот јавен сервис NHK.