Сибирски тигар – заштитен вид или вреден бизнис?

Сподели со своите пријатели

Во паркот за сибирски тигри во кинескиот град Харбин посетителите можат одблизу да го запознаат и нахранат овој загрозен вид диви животни, но и да испијат пијалак со нивните коски.

Loading...

Националниот парк во Харбин, на североситокот од Кина претставува најголемо престојувалиште на овој животински вид во светот. Во паркот, на три локации, сместени се околу 1.300 тигри.

Меѓутоа, иако Кина во последните години направи значителни поместувања во заштитата на дивите животни и натаму крај капијата се наоѓа продавница која продава пијалак со коски од тигар.

Како што пренесува Ројтерс, овој егзотичен пијалак по цена и до 1.000 долари за шише се продава со одобрение на државните институции.

Во настојувањата да се вклучи во светските напори за заштита на природата, Кина вовела и целосна забрана за слоновачат аи ги стопирала плановите за отворање на еден од најголемите светски резеравти за диви тригри на североситокот од земјата до 2020 година.

Loading...

Но, паралелно со овие напори, Кина има и високопрофитабилен бизнис поврзан со овој животински вид.

Експертите за зачувување на природата велат дека парковите со тигри ги трупаат со залихи од животинска кожа и коски во замрзнувачи, со цел продажба во медицински цели.

Вработените во овој парк на тигри отворено признале на државните власти дека се принудени да се бават со оваа професија за да обезбедат средства за одржување на резерватот и спроведување на владината политика за заштита на природата.

Кинеските медиуми наведуваат дека коската од тигар достигнува од 720 до 1.300 долари по килограм, што значи дека може да се заработат десетици илјади долари само од едно животно.

По традиционалната кинеска медицина правот од коските на тигарот се користат за ублажување болки кај артритис.

Loading...

Се проценува дека во Кина моментално има околу 6.500 тигри и околу 40 носорози на 200 различни локации.

Leave a Reply