Шведското државно радио го напушта Твитер

Сподели со своите пријатели

Шведското државно радио Sveriges Radio (SR) во вторникот објави дека ја напушта социјалната мрежа Твитер, јавува Анадолија.

Loading...

Шведското радио повеќе нема да биде активно на Твитер, изјави Кристијан Гилингер од медиумската компанија, додавајќи дека Твитер станал „помалку важен“ за шведската јавност.

Тој додаде дека нивните сметки ќе останат на социјалната мрежа, но ќе бидат означени како неактивни за да се спречи некој друг да отвори нова сметка под тие имиња.

Американските медиуми NPR и PBS и канадскиот CBC ги отстранија своите сметки на Твитер минатата недела откако компанијата додаде ознака „државно финансирани медиуми“ на нивните профили.

Гилингер нагласи дека Radio Sveriges нема проблем со оваа етикета и дека токму така се финансираат.