Шумата во кумановско и липковско повторно гори

Сподели со своите пријатели

Нискостеблеста мешана шума и сува трева вчера гореле во липковските села Руница, Думановце, Белановце и Брест.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, на пожарите вчера од 16:30 интервенирале петмина вработени во Шумско стопанство Куманово, додека во атарот на селото Думановце во период од 17:00 до 21:50 часот интервенирале двајца пожарникари од Територијалната противпожарна единица Куманово, каде исто така горела нискостеблеста шума и сува трева, но поради непристапниот терен кога се намалила видливоста, интервенцијата престанала.

Пожарот се очекува да се изгаси во текот на денешниот ден.

Поради непристапен терен не бил изгаснат и шумски пожар во атарот на кумановското село Орашац. Таму вчера во период од 17:45 до 22:30 часот учествувале две противпожарни возила и шестмина пожарникари, кои заедно со еден вработен во Шумско стопанство Куманово.

Подрачно одделение за заштита и спасување Куманово поради сушата и невообичаено високите температури за овој период од годината, а со цел да се намали опасноста од настанување и ширење на пожари на шуми и други отворени простори, претходно упати апел до граѓаните да не се пали оган во шуми, на отворен простор и на необезбедени места.

Воедно во апелот се препорачува да не се палат стрништа, меѓи и други површини, да не се фрлаат стаклени шишиња и друга стаклена амбалажа и отпад, да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал, да не се фрлаат остатоци од цигари и да се коси и отстранува сувата трева и друга сува вегетација.

Leave a Reply