Што значи ако икате?

Сподели со своите пријатели

Што значи ако икате? Ова сигурно ви минало низ глава, кога ќе ви се јави икањето, кое понекогаш мора да признаете може да биде досадно.

Loading...

Икањето е процес во кој дијафрагмата прави неволна контракција.

Дијафрагмата е мускулот што ги дели нашите гради од абдоминалната празнина. Има многу важна улога во контролата на дишењето.

Кога дијафрагмата се скратува, тоа предизвикува затворање на гласните жици, и оттука доаѓа звукот што го слушаме кога икаме.

Што значи ако икате? – Народно верување

Сепак, значењето на икањето и кои би можеле да бидат причините за тоа, ќе дознаеме во следните редови.

Во основа, според популарното верување, кога некој ика тоа значи дека некој зборува за него.

Постојат и други причини за икање, и тие може да се разликуваат од верувањата и суеверија.

Што значи ако икате? – Научни објаснувања

– Кога сте земале големи количини храна или сте јаделе многу брзо;

Loading...

– Сте пиеле газирани пијалоци;

– Кога се случуваат нагли температурни промени;

– Кога сте премногу возбудени или под емоционален стрес;

Ако икате повеќе од 48 часа, тоа може да биде од повеќе причини:

Една од најчестите причини за постојано икање е оштетување или иритација на вагусниот нерв. Тоа е нервот одговорен за инервација на дијафрагмата. А причините за тоа може да бидат:

– влакно или друг мал предмет што навлегол во увото и го надразнува тапанчето;

– болки во грлото или ларингитис;

– Можен тумор во пределот на вратот;

– Оштетување на централниот нервен систем;

Loading...

Постојаното икање може да биде предизвикано и од:

– злоупотреба на алкохол;

– анестезија;

– барбитурати;

– електролитен дисбаланс;

– бубрежна инсуфициенција;

– стероиди.