Што се случува во телото ако јадете банана со темни дамки?

Сподели со своите пријатели

Бананите содржат идеална комбинација на јаглехидрати и минерали (како што се калиум и магнезиум). Сепак, тие често завршуваат во ѓубрето – штом се појават првите кафени дамки.

Loading...

Според едно јапонско истражување, ова е голема грешка која луѓето често ја прават. Дамките не значат дека бананите се лоши – напротив: зрелите банани произведуваат супстанции кои дури можат да го спречат развојот на канцерогени заболувања, а има и многу други причини зошто е добро да се јадат презрели банани бидејќи тие многу позитивно влијаат на тело.

 

 

Тие ја спречуваат појавата на горушица

Зрелите банани делуваат како благ антацид. Ги неутрализираат киселините и ги релаксираат органите за варење. Една банана после богат оброк може да спречи проблеми во пределот на устата и грлото, како киселини и надуеност, пишува Екапија.

Ја подобруваат функцијата на цревата

Loading...

Бананите можат да помогнат и при запек бидејќи содржат супстанции кои ги движат цревата.

 

 

Го подобруваат расположението

Забележаните банани содржат помали количини на аминокиселина наречена триптофан. Имено, триптофанот го подобрува расположението и овозможува лесен сон. Покрај тоа, бананите содржат витамин Б и анти-стрес минерали магнезиум и калиум – кои се одговорни за доброто функционирање на нервниот систем.

Го намалуваат крвниот притисок

Пациентите со висок крвен притисок треба да внесуваат што е можно помалку натриум бидејќи храната богата со овој минерал ги зголемува вредностите на крвниот притисок. Наместо тоа, тие треба да јадат храна богата со калиум – како што се презрелите банани – за да го нормализираат крвниот притисок.

Loading...

 

 

Тие даваат енергија

Бананите се заситуваат многу брзо. Содржат растителен скроб – кој брзо ни дава енергија (затоа спортистите често јадат банани за брзо закрепнување). Физичката издржливост се подобрува со дејството на гликемиските јаглехидрати, минералите и витамините од бананите. Калиумот дополнително штити од грчеви во мускулите. Магнезиумот од банана влијае на функцијата на мозокот, го олеснува учењето и ја подобрува концентрацијата.

 

 

Loading...

Го зголемуваат нивото на железо

Железото е една од компонентите на нашите црвени крвни зрнца кои се одговорни за протокот на хранливи материи и кислород во телото. Бананите со кафени дамки се богати со железо и се многу добри против анемија.

И покрај сите многу придобивки, за жал, презрелата банана не се препорачува за секого. Дијабетичарите никогаш не треба да го консумираат поради високата содржина на овошен шеќер.