Што мислат децата за Доналд Трамп? (видео)

Сподели со своите пријатели

Познатиот американски водител и комичар Џим Кимел сакал да дознае што децата мислат за американскиот претседател Доналд Трамп и неговата работа за време од едногодишниот мандат.

Кимел направил анкета помеѓу децата, која потоа ја објавил во својата емисија, што предизвика бура од смеење кај гледачите.

На прашањето што мислат за работата на Трамп, едно момче вели: „Одличен е го спаси светот“, а на дополнителното прашање од што, тој вели: „Од хармонија“.

На едно девојче Трамп не и се допаднал, и таа јасно кажува, додека напрашањето зошто вели: „Сака да подигне ѕид кон Мексико, а јас многу сакам да одам таму“.

Запрашани на што прво помислуваат кога ќе слушнат Доналд Трамп, едно момче вели: „На малиот прст“, а едно девојче „На портокалово лице“.

Анкетираните деца потоа го имитираа Трамп и со движења и мимики демонстрираа како го гледаат американскиот претседател, но тоа е нешто што, сепак, мора да се види.

Loading...