Што да се пие за вртоглавица?

Сподели со своите пријатели

Што да се пие за вртоглавица. Сигурно барем еднаш во животот сте почувствувале вртоглавица и мачнина и сте си го поставиле ова прашање.

Loading...

Тоа е непријатна, но многу честа сензација која погодува многу луѓе.

Истражувањата покажуваат дека речиси 40% од луѓето постари од 40 години барем еднаш во животот доживуваат вртоглавица. Жените ги погодува двојно почесто од мажите.

Вртоглавицата не е болест, туку симптом кој укажува на нарушување во работата на центарот за рамнотежа.

Може да трае неколку минути, неколку часа или неколку дена.

Вртоглавица може да се активира со ненадејно станување од лежечка положба. Може и со ненадејни движења на главата, анемија, дехидрација и низок крвен притисок.

Може да биде предизвикана и од проблеми со вратниот пршлен и инфекции на увото или синусите.

Во некои случаи, тоа може да биде и показател за некои посериозни проблеми: Може да станува збор повреди на главата и вратот, мозочен удар или тумори на мозокот.

Loading...

Ако вртоглавицата е придружена со симптоми како притисок во градниот кош, силна главоболка, гадење или проблеми со говорот, задолжително консултирајте се со лекар.

Што да се пие за вртоглавица?

Доколку ве изненади вртоглавица и чувство на мачнина што ја придружува, можете да прибегнете кон природни лекови.

Ви откриваме некои од природните помагачи за оваа непријатна состојба.

Чај од ѓумбир

Овој популарен зимски напиток ја ублажува мачнината и го зајакнува целото тело, а помага и при вртоглавица.

Во топла вода додадете парче свеж ѓумбир и оставете го покриено 5 минути.

Доколку не ви се допаѓа вкусот на самиот ѓумбир, омекнете го со лажица мед. Пијте две шолји од овој супер здрав напиток дневно.

Млеко со бадеми

Бадемите содржат витамини Б и Е, антиоксиданси кои помагаат при мачнина и вртоглавица.

Во филтрирана вода ставете неколку бадеми да киснат преку ноќ. Следниот ден измешајте ги заедно со шолја млеко и испијте го.

Loading...

Ако избегнувате кравјо млеко, заменете го со млеко од растително потекло по ваш избор.

Гинкго

Познато е дека гинко билоба ја стимулира циркулацијата, па може да помогне и при вртоглавица.

Ова чудесно растение помага и при слаба концентрација, тинитус (зуење во ушите) и краткотрајно губење на меморијата.

Доколку ве мачи вртоглавица, започнете со 250 mg гинко билоба дневно додека не се смири вртоглавицата. Потоа намалете ја дозата на 40-50 mg.

Семки од коријандер и цариградско грозде (огрозд)

Коријандерот е билка богата со фитонутриенти и е добар извор на железо, манган, бакар, калциум и магнезиум.

Цариградското грозде или огрозд е богато со витамин Ц и ги зајакнува мозочните функции. Овие две состојки комбинирани може веднаш да ги ублажат симптомите на вртоглавица.

Подготовка на напитокот: во филтрирана вода ставете по 1 лажица семки од коријандер и прав од цариградско грозде. Оставете да кисне преку ноќ. Наутро процедете го и по желба додадете малку суров мед во цедениот напиток.

Храна богата со витамин Ц и други антиоксиданси

Намирниците кои помагаат при вртоглавица секако се оние кои се богати со антиоксиданси.

Loading...

Затоа, јадете зелен лиснат зеленчук и свежо овошје. Може на пример авокадо и банани колку што е можно почесто. Надополнете ги оброците со здрави масти, како што се екстра маслиново и кокосово масло.

Исто така, консумирајте овошје и зеленчук богати со витамин Ц, како што се агруми, јагоди, пиперки и киви.

Хидратација на телото

Дури и блага дехидрација може да доведе до промени во крвниот притисок и вртоглавица.

За да ја спречите оваа состојба, важно е да го снабдувате вашето тело со доволно количество течност.

Пијте колку што е можно повеќе филтрирана вода и чаеви.

Но, избегнувајте алкохол и засладени и газирани пијалоци бидејќи тие можат да ја влошат вртоглавицата.

Loading...

ПРЕД БИЛО КАКВА УПОТРЕБА НА ОВИЕ ПРИРОДНИ ЛЕКОВИ, НАЈДОБРО Е ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ВАШИОТ МАТИЧЕН ЛЕКАР.