Штипјанец се обидел да ограби кумановец, полицијата го приведе

Сподели со своите пријатели

Дваесет и двегодишен штипјанец бил приведен викендов откако бил затекнат додека се обидува да изврши кражба.

Loading...

– На 16.07.2023 во 02.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Ј.(22) од Штип, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тој бил затекнат при обид да изврши кражба во стан на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово, сопственост на К.К.(67) од Куманово.

Лицето било задржано во полициска станица и со него бил извршен службен разговор.

– По целосно документирање на случајот против  него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колку луѓе гласаа во првите два часа во Липково?

Никола Ивановски