ШПИОН НА ВЕКОТ: Американец продавал воени тајни преку сендвичи и гуми за џвакање

Сподели со своите пријатели

Започна сослушување во Западна Вирџинија за случај против поранешен нуклеарен инженер на американската морнарица и неговата сопруга за продажба на тајни за технологија за нуклеарни подморници на странска сила во замена за крипто – валути.

Loading...

Џонатан и Дијана Тиби се најдоа на насловните страници низ целиот свет, не толку затоа што продавале воени тајни, туку поради начинот на кој тоа го правеле – во сендвичи со путер од кикирики.

 

 

Тиби биле уапсени во саботата во округот Џеферсон, по едногодишна внатрешна истрага на агенти на ФБИ.

Четириесет и двегодишниот Џонатан Тиби, нуклеарен инженер кој имал пристап до информации од исклучително значење и чувствителност, е обвинет за продажба на документи на неименувана странска сила во 2020 година, заедно со упатства како да се добијат дополнителни информации.

Џонатан, со помош на сопругата, наводно продавал тајни на агент на ФБИ, кој неколку месеци се претставувал како странски службеник.

Loading...

И тоа на генијални начини. Во една прилика, тој сокрил дигитална мемориска картичка со документи за подморските нуклеарни реактори во сендвич со путер од кикирики, што го оставил на договорената локација.

 

 

Мемориската картичка содржела „чувствителни елементи за воен дизајн, оперативни параметри и карактеристики на перформансите на реакторот во подморници од класата Вирџинија“.

Скрил друга мемориска картичка со исто така чувствителни информации во пакет со гуми за џвакање.

За овие услуги на Тиби им биле платени 100.000 долари во криптовалути.