Шпанската полиција му помага на Киев во истрагата за наводните злосторства

Сподели со своите пријатели

Шпанската полиција ќе биде распоредена во Украина во следните недели за да помогне во истрагата за наводните воени злосторства, најави денеска шпанскиот премиер Педро Санчез на Парламентарното собрание на НАТО во Мадрид.

Loading...

Претходна делегација на претставници на шпанската полиција веќе пристигна во Киев за да се сретне со претставници на украинското Јавно обвинителство, соопшти шпанското Министерство за внатрешни работи, пренесува Ројтерс.

На првата средба двете земји ги утврдија условите за соработка и ги прецизираа областите на распоредување, се вели во соопштението на Министерството.

Шпанските полицајци ќе работат заедно со украинските истражители и обвинители за да соберат докази кои би можеле да бидат вклучени во истрагата за наводно кршење на меѓународното право по рускиот напад врз Украина во февруари.

Санчез најави и дека новиот центар за обука на украинските војници во централниот шпански град Толедо ќе започне со работа на крајот на ноември, наведува британската агенција.