Шпанија испраќа тенкови „Леопард 2А4“ во Украина

Сподели со своите пријатели

Шпанија има намера да испрати четири до шест тенкови „Леопард 2А4“ во Украина, пишува мадридскиот дневен весник „Ел Паис“, повикувајќи се на именувани владини извори.

Loading...

Бројот на тенкови ќе зависи од нивната состојба во складиштето и од тоа колку други земји испраќаат оклопни возила за да ѝ помогнат на Украина.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба рече дека неговата влада очекува да добие 120 до 140 тенкови од 12 западни земји при првата испорака, според Ројтерс.

Тоа се тенковите „Леопард 2“ од германско производство, британските „Челинџер 2“ и американските „Абрамс“, а Киев „навистина смета“ на француските тенкови „Леклер“, рече Кулеба.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.