Шолц: Секој што мисли дека може да ги поткопа вредностите на ЕУ нема да успее

Сподели со своите пријатели

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека Европската унија е единствена во нејзината поддршка за Украина.

Loading...

За време на неговото обраќање во германскиот парламент, тој додаде дека нема да успеат обидите да се поткопаат вредностите на блокот со блокирање на надворешнополитичките мерки, мислејќи на Унгарија.

– Секој што мисли дека може да ги поткопа вредностите на ЕУ, на кои се обврза секоја земја-членка, блокирајќи ја нејзината надворешна и безбедносна политика, нема да успее – им порача денеска на пратениците.

Оваа недела Будимпешта се откажа од своите приговори за заемот од ЕУ за Киев по делумното одмрзнување на финансиската поддршка за Унгарија. ЕУ ги блокираше средствата поради загриженоста за владеењето на правото.

Поддршката за Украина, вклучително и санкциите против Русија, ќе се задржи и ќе се интензивира се додека претседателот Владимир Путин ја продолжи војната против Киев, додаде Солц.

– Никој не страда од руската војна колку Украинците – и ние цврсто стоиме на нивна страна – рече тој, пренесе Ројтерс.