Шокантни резултати од истражување: Колапс на општеството пристигнува во 2040 година

Сподели со своите пријатели

Таму, некаде во средината на 1970-тите, група истражувачи од MIT во Соединетите Американски Држави ги презентирале резултатите од нивното долгорочно истражување за одржливоста на животот на земјата.

Loading...

Кога ги ставиле сите релевантни фактори во компјутерот: населението и неговиот очекуван раст, природните ресурси, потребите за енергија и способноста да се произведе, и поставиле алгоритми, откриле година на „пукање“ и распаѓање на општеството.

 

 

Според нив, на светот каков што го знаеме би можел да му дојде крајот во 2040 година.

Тогаш човечките потреби за енергија и храна би можеле да предизвикаат криза од која тешко ќе се извлечеме…

Кога ги објавиле резултатите од своето истражување, тие биле предмет на потсмев од научниот свет, но неколку истражувачи ширум светот повториле слични истражувања во подоцнежните децении и дошле до горе-долу истиот заклучок.

Loading...

Во трудот објавен во списанието „The American scientist“, група научници во 2009 година пресметале дека со ова темпо светот има уште добри 35 години, а потоа следи колапсот…

 

 

Гаја Харингтон, холандски научник специјализиран за природна одржливост, се согласува со резултатите, пишува Гардијан.

– Но, не е доцна да се започне и да се запре пропаста. Светските влади треба да дејствуваат заедно за да имаат некои шанси за создавање одржлив систем на живот – заклучува др. Харингтон.

Во спротивно. Според проценките на ОН, до 2040 година во светот треба да живеат 9,2 милијарди луѓе. Во моментов нè има 7,9 милијарди на земјата.