Шлепер излетал на патот Куманово – Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Во кривините кај месноста Просеченик се излизгал шлепер со албански регистарски ознаки и излетал од патот, поради невремето.

Loading...

Настанот се случил синоќа, околу дваесет и два часот и четириесет минути, за време на невремето проследено со грмотевици и силни електрични празнења.

„Нема настаната поголема материјална штета, а возачот е во добра состојба, додека во моментов се работи на отстранување на шлеперот од делот покрај патот, полициски службеници се на теренот и го регулираат сообраќајот. Toj не е во застој,но треба да се вози внимателно“, посочи портпаролот на СВР Куманово, Ивана Младеновска за МИА.